„Тоа што СДСМ го вели за обвинителството и за полицијата, беше ситуација карактеристична за времето кога тие беа на власт. Затоа денес СДСМ не може да излезе од истиот филм.
СДСМ не може да сфатат дека тоа веќе не е така и реалноста од времето кога беа тие на власт е целосно сменета.
Човекот кој со години ги делеше сам на себе тендерите во Општина Струмица, а општинските пари ги даваше на сите свои роднини и партиски првенци, нема да убеди никого со разни извештаи за наводни вештачења од неовластени личности или институции.
Се гледа дека СДСМ подготвува терен, освен што не ги призна изборите, да не ја признае и судската одлука кога ќе се соочи со крајот на сопствените манипулации.
Единствено нешто кое што СДСМ најдобро знае да го прави е да конструира и да создава манипулации во јавноста. Впрочем и луѓето кои што се на чело на СДСМ се луѓе кои што до гуша се вплеткани во криминали и други матни зделки и скандали“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.