Протест во Струга на учениците од Подгорци

Од:

„Министре и во Подгорци има гнездо на орли“, „3000 години пред ова да се случи“, „Градоначалниче децата наши не се за на пазар“, „Господине Ахмети го имавте зборот, одржете го и сега“. Со овие пароли родители и учениците албанци кои изминативе 4 години во струшкото село Подгорци следеа настава на албански јазик одржаа мирни протести пред зградата на општина Струга.

Тие бараа од Градоначалникот Мерко и од раководителот на секторот за образование Хајредини да се симнат и да поразговараат со нив, но тие не одговорија на нивните барања. Родителите помеѓу кои имаше и мајки, баби, дедовци го обвинија градоначалникот Мерко и министерот за образование за манипулација со децата.

Ние децата и родителите од Подгорци сме изманипулирани заради политички цели од страна на градоначалникот Рамиз Мерко и од албанската партија на власт ДУИ. Затоа се собравме овде за да го изразиме нашиот револт од состојбата во која се наоѓаме поради одлуката на министерот за образование Панче Кралев и преќутната согласност на градоначалникот Мерко, наставата децата понатаму да ја следат во училиштето Мурат Лабуништи во селото Лабуништа. Го изразуваме нашето разочарување од градоначалникот Мерко, од раководителот на секторот за образование, од сегашните и поранешните министри и заменици за обарзование Кралев, Незири, Тодоров и Ќазими поради манипулација со нашите деца и празните ветувања дека проблемот ќе го решат според нашата желба рече.

Тие најавија дека поднеле кривични пријави против сите релевантни фактори и личности кои се надлежни за решавање на нивниот проблем. Помош побараа и од властите во Тирана и Приштина. Градоначлникот Мерко вели дека со огроченост ја примил веста дека во Струга ќе има протести на родителите и нивните деца.

„Иако прво добивме согласнот од министерството за образование, потоа во овој случај влезе политиката и претходно дадената согласност беше повлечена. Од тогаш почнаа овие перипетии. Ние потоа од министерот за образование побаравме преку елаборат учениците да бидат дел од Основното училиште Мурат Лабуништи во Лабуништа,а наставата да се одвива во Подгорци. После 6 месеци чекање дојде одговор со кој министерот ни дава насоки за постапување согласно законот, во кој стои дека може да се отворат дисперзирани паралелки само ако има над 24 ученици, а не е дозволено со помалку од 24 ученици. Ни посочија наставата во иднина да ја следат во Мурат Лабуништи бидејки нема 24 ученици во Подгорци. Ние како локална самоуправа не се откажуваме од барањата на родителите наставата да ја следат во Подгорци“, рече Мерко.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски