МПЦ издвои три милиони денари помош за Србија и БиХ

Од:

Македонската православна црква со финансиска поддршка од  3.000.000 денари се вклучува во акцијата за помош на Србија и Бих кои се погодени од поплави.

–  Повикувајќи се на апелите на премиерот на Република Србија Александар Вучиќ и на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, за христијанско милосрдие и братска помош, МПЦ се вклучува во акцијата која деновиве веќе се одвива во Република Македонија за прибирање на неопходната помош, се вели во соопштението од Синодот на МПЦ.

Синодот со особено внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со катастрофалните поплави.

– Се молиме на Семилостивиот Бог и Спасител и за душите на загинатите од поплавите, но и за истрајност на живите во овие искушенија, во духот на нашата света вера, онака како што нашите народи секогаш низ историјата ги надминувале, се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили