Помошта од македонските граѓани испратена за Србија

Од:

Црвениот крст на Република Македонија денеска испрати конвој камиони со 100 тони хуманитарна помош што ја донираа македонските граѓани за настраданото население од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Хуманитарната помош испратена денеска со пет камиони е наменета за Србија, а утре од магацинот во Момин поток ќе тргне и помошта за настраданото население во Босна и Херцеговина. Во четврток или петок се планира испраќање на уште два камиона хуманитарна помош за БиХ,  дополнителна помош ќе биде испратена и за Србија.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити изјави дека акцијата за собирање хуманитарна помош ќе продолжи и во наредните денови, но како што рече со намалено темпо и потесен круг на намирници и производи.

– Според проценките на тамошните организации на Црвениот крст, најмногу е потребна вода, конзервирана храна, средства за хигиена. Апелираме сега за сега да не се собира друг вид помош, истакна Саити.

Информира дека вредноста на денешната хуманитарна пратка е околу 45 илјади евра.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески им се заблагодари на хуманоста и помошта на граѓаните, граѓанските организации и на Црвениот крст, без кои, како што рече, не би можело да се реализира оваа помош.

– Превозот е организиран, информирана е Царинската управа која е координирана и со Министерството за внатрешни работи. Очекуваме кон крајот на денешниот ден конвојот со хуманитарна помош да пристигне во Србија, изјави Јанакиески.

Хуманитарната помош е обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст. Логистичка  поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на Република Мкаедонија и Макамтранс.

Во текот на акцијата се собрани 240 тони хуманитарна помош, а преку отворените телефони за донации до вчера попладне биле донирани околу 3.700 000 денари.

Црвениот крст на РМ  упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да донираат преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, на телефоните : 075/070/077 143 400 за донација од 100 денари.

Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток од 8.00 до 18.00 часот, како и Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ од 8.00 до 17.00 часот.

На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на Црвен крст надвор од Скопје.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил