Либиски војници го суспендираа Парламентот во Триполи

Од:

Либиски војници, лојалнин на поранешниот генерал Халифа Хафтар, изјавија вчера дека ги суспендирале активностите на Парламентот на земјата, неколку часа откако ја нападнаа зградата со пушки и минофрлачи и ги растераа пратениците.

Во изјавата, прочитана на националната телевизија претставник на силите на Хафтар истакна дека работата на Парламентот ќе биде стопирана, а законските активности привремено ќе ги извршува Конститутивното собрание, избрано во февруари, за да го состави новиот Устав.

– Сакаме да ве увериме дека тоа што се случи во Триполи нема за цел државен преврат, изјави полковникот Мохтар Фарнана, командант на воената полиција.

– Армијата на Либија потврдува дека ја почитува волјата народот и оти се бори против екстремизмот, додаде Фарнана.

Во нападот врз Парламентот, според болнички извори, загинале две лица, а ранети се над 60.

Изминатите три дена во Бенгази се убиени 83 лица во судири меѓу силите генералот Хафтар, кој своите сили ги нарекува „национална армија“ и радикалните исламисти, меѓу кои и  слафитската екстремистичка групација „Ансар ал шарија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски