Прв пат во современата историја на Индонезија еден нејзин жител со кинеско етничко потекло ќе зеземе висока и важна политичка функција и тоа ќе застане на чело на главниот град, како гувернер на Џакарта, Басуки Пурнама ( 48 ), кој од пред две години е заменик гувернер, по одлуката на сегашниот гувернер Јоко Видодо да се кандидира за претседател на Индонезија, од денеска станува вршител на должноста, а на 2 јуни ќе биде прогласен за гувернер на Џакарта, која заедно со предградијата што административно припаѓаат на главниот град има 28,7 милиони жители.
Пурнама е припадник на околу три милионската етничка заедница на која се до крајот на минатиот век во Индонезија и беше забрането да манифестираат каква и да е врска со етничкото потекло. По заминувањето на Сухарто дискриминацијата почна да се укинува, а годинава како последен чекор на либерализацијата е одлуката за признавање на Конфучијанизмот за рамноправна религија во Индонезија.
Новиот гувернер на Џакарта Пурнама, без оглед на иходот на претседателските избори што ќе се оддржат на 9 јули, ќе биде на таа функција три години. Тој е католик и припадник на партијата Гериндра која, на последните избори освои 12 посто од местата во новиот индонезиски парламент.