Либиската Влада воспостави зона на забранети летови над Бенгази

Од:

Либиската влада воспостави „зона за забранети летови“ над Бенгази,во обид да се запрат судирањата меѓу паравоените сили на генерал Халифа Хафтар и разните исламистички групи во овој втор по големина град во Либија.

Претставник на либиската армија во Триполи изјви дека воспоставената зона треба да спречи користење на воздушни сили во борбите,против исламистичките милиции.Но ој не објасни како армиските сили ќе ја спроведуваат одлуката за зоната за забранети летови и на на кој начин,евентуално,ќе спречат воздушни напади врз воздушниот простор на Бенгази.

Судирањата избувна во петокот,кога силите на Хафтар ги напднаа базите на исламистичките групи,при што во борбите се користени хеликоптер,а според искази на сведоци и воен авион.

Во пресметките меѓу некогашните бунтовнички сили на либиската опозиција,во борбите против армијата на Моамер Гадафи,се убиени најмалку 43 лица,а се ранети повеќе од стотина. Сведоци од овој либиска град тврдат дека во него се водат и оружени пресметки и меѓу силите на новата либиска армија и исламистите кои доминираат во Бенгази.

Бенгази беше центарот на бунтот против власта на Гадафи во 2011 година,што подоцна беше искористена за легализација на странската интервенција со чија помош тој беше соборен,а потоа и ликвидиран.Овој град сега е надвор од контролата на централната влада во Триполи.

Сепаратистите во Бенгази сега бараат силна автономија на градот и на Истокот,враќање на територијалната поделба на земјата,како во времето на кралот Идриз,пред тој да биде соборен од Гадафи и групата млади офицери,како и сосема нова распределба на приходите од извозот на либиската нафта.

Новите власти во Либија и по три години не успеваат да ја стабилизираат земјата,која се уште нема Устав и Парламент.Најавено се изготвување на новиот устав,како и избори за првиот вистински Парламент за оваа година,но засега нема навестување кога тоа би можело да се случи.

Привремениот премиер Ал Тини ги осуди судирањата во Бенгази,означувајќи ги како „пуч против револуцијата“,мислејќи на соборувањето на Гадафи,но генералот Хафтар изјави дека борбата против исламистите ќе продолжи.

Во изјава од градот Абијар,близу до Бенгази,тој соопшти дека неговите сили привремено се повлекле,од тактички причини н дека ќе се вратат за да ја „завршат работата“.

– Воените операции ќе продолжат се додека Бенгази не се исчисти од терористите.Либијците се со нас, рече Халифа Хафтар,екс командат на силите на Гадафи кои пред три години премина на страната на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски