Хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина денеска ќе организира ТВ Канал 5.
Акцијата е замислена како отворена програма насловена како Канал 5 и Македонија за Србија и Босна и Херцеговина, во чии рамки ќе може граѓаните да донираат помош.
Од Канал 5 очекуваат многу јавни личности да се вклуат во отворената програма и да донираат производи кои се најнеопходни за подрачјата што се зафатени со поплавите.
Отворената програма почнува во 15 часот и 30 минути.