Најмалку 24 лица загинаа, а околу 150 се повредени во судири во Бенгази, кои се случија помеѓу либиските нерегуларни сили и некогашната исламистичка бунтовничка полиција.
Нерегуларните сили на самопрогласената Либиска национална армија, која ја предводи генералот во пензија, Калиф Хафтар гранатираа база на групата Ансар ал Шери и друга исламистичка полиција во Бенгази, потврди портпаролот на Хафтар, Хафтар Мохамед ала Хеџаџи.
Како што пренесе „Ројтерс“, насилството го принуди либискиот премиер да и нареди на војската да ги контролира сите вооружени групи, вклучувајќи ги и силите на Хафтар.
Е.Г.