„Гардијан“: Дали Брчко е пример за мултиетничност?

Од:

Брчко е град кој изгледа како пример за мултиетничност, но новите етнички поделби, корупцијата и кризата би можеле да го загрозат тој успех, пишува „Гардијан“.

Весникот наведува дека зад фасадите на тој мал босански град, се крие интересен политички експеримент, со оглед на тоа што, тој е како мала држава, има своја самоуправа, свој образовен систем, градски судови и одвоена здравствена и полициска служба, а во суштина е слободен град во Европа.

-Додека етничките тензии го кочат остатокот од државата, овој град од 100.000 жители стана светилник на мултиетничност, со градоначалник Хрват, негов заменик Бошњак и Србин претседател на градското собрание, стои во весникот.

Аранжманот на овој мал босански град е резултат на блиското минато, кога тој се најде на крстосница за време на воените случувања во 1992 година.

Според Дејтонскиот договор од 1995 година со кој заврши војната во БиХ, Брчко доби свој специјален статуси и стана експеримент за мултиетничност.

Меѓутоа како што пишува весникот во Брчко се повеќе се забележуваат знаци на поделба.

Етничката политика која создаде блокада во повоена Босна започна да се применува и во Брчко. Како пример се наведува неодамнешното усвојување на законот, според кој на личните карти и возачките дозволи мора да се нагласи дали нивните сопственици се граѓани на Република Српска или Федерациај БиХ.

„Гардијан“ додава дека посебен проблем во овој „слободен град“ се и корупцијата, економската криза, како и февруарските демонстрации.

-Иако протестите немаа вистинска етничка компонента, каква било промена на единствениот статус на Брчко, може да предизвика етнички тензии, наведува весникот и заклучува дека и покрај се Брчко ќе остане единствен град.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски