„Волшебен град“ сместен во карпа

Од:

Има луѓе, кои живеат на мошне необични места, во подножјето на вулкан или во опасно високи манастири на Хималаите.

Ова е град, кој изгледа како да е погоден од метеор, а неговите жители едноставно одлучиле да живеат во него.  Добродојдовте во Сетенил де лас Бодегас во Шпанија, во кој околу три илјади жители живеат под карпа.

Овој мал бел град, сместен североисточно од Кадиза има единствен изглед со многу куќи, кои се изградени во самата клисура и под неа. Верувале или не луѓето сами одбрале да се сместат тука од мошне практични причини.

Имено се испоставило дека природните пештери на Сетенил се идеални за живеење. Наместо изгрaдба на цела куќа, која би пружала ладовина во текот на летото и топлина во текот на зимата, доволно да се изгради предниот дел од куќата, а за останатото ќе се погрижи карпата.

Прочитајте повеќе – ФОТО+ВИДЕО: Живот под карпа 

Се смета дека луѓетo живееле тука од праисториското време. И покрај својот необичен изглед и животот кој се одвива под карпите, градот не е надвор од допир од остатокот од светот. Баровите, рестораните и продавниците на Сетенил се рангирани како најдобри во регионот, познати по своите деликатеси како маслиново масло, мед, мармалад и вино.

Во текот на пролетта и летото, особено за викендите, градот е витално место и со своите сликовити бели кафулиња и продавници под карпите е весело место во кое се одвива богат живот.

Самото име на градот Сетенил де лас Бодегас ја одразува неговата богата историја. Сетенил доаѓа од латинскиот збор септем нихил, што значи „седум пати нема“, а се однесува на седумте обиди на католичките владетели да ја вратат територијата на градот од Маурите, средновековни арапски жители, кои неколку векови владееја со големи делови од Шпанија. Дури во седмиот обид католиците успеале да ја освојат територијата на Сетенил, едно од последните муслимански упоришта во Иберија.

„Цврт како карпа“ Сетенил потоа почнал да се користи како студено подрачје под сенка за чување на сите видови домашни производи во големи складишта, наречени „бодегас“, што на шпански значи складиште. Тоа на градот му го донел и вториот дел од името.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска