Капсула хотели во Јапонија се дизајнирани како евтино сместување за гости на кои им е потребно преноќиште.
Такво место е и ПОД Хотел во Сингапур кој е дизајниран од студиото Формверкс Архитектс кои импресионираат со одлично осмислениот ентериер.
Хотелот е дизајниран за групи и туристи кои сакаат евтино сместување. Хотелот има 83 капсули-соби кои имаат минималистички и модерен стил.
Гостите мопже да избираат меѓу поединечни капсули или капсули за парови.
За поголема приватност постојат и само женски капсули.
Архитектите ги дизајнирале капсулите имајќи предвид приватност и комфор. Секоја капсула има ормарчиња, светло за читање, стол на расклопување. Хотелот нуди бесплатен сервис за перење алишта, појадок и интернет-конекција.