Капитенот и еден од најдобрите фудбалери на Саутемптон сака што е можно побрзо да го оствари трансферот на „Енфилд“. Планот на менаџерот на Лалана е неговиот клиент да потпише договор со Ливерпул пред почетокот на Светското првенство.
Британските медиуми ја објавија сумата која Саутемптон ја бара за трансферот на нивниот капитен. Ливерпул ќе треба да плати 25 милиони фунти, а тоа е пет милиони повеќе од сумата која е подготвен тимот од „Енфилд“ веднаш да ја уплати.
Лалана ќе игра на Мундијалот во Бразил за англиската репрезентација и поради тоа се очекува трансферот да биде завршен најдоцна за две до три недели.