Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро порача дена нема намера да ја напушти клубот, со кој пред само три дена ја освои титулата шампион на Англија.
– Многу сум среќен во Сити и следната сезона ќе се вратам на теренот уште посилен, во подобра форма, како би можеле да освојуваме уште трофеи, изјавил за англиските медиуми Аргентинецот Агуеро, кој со „Граѓаните„ освои две шампионски титули во последните три сезони.
Од друга страна, шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека напаѓачот на Барселона Лионел Меси, наводно го условил своето останување на „Камп Ноу„ со ангажирање на неговиот сонародник Агуеро.