Честитки за Ѓорге Иванов

Од:

Жозе Мануел Баросо, Владимир Путин, Томислав Николиќ, Росен Плевнелиев се дел од шефовите на држави кои му ја честитаа победата на Ѓорге Иванов и реизборот на претседателската функција.

Кабинетот на Иванов на официјалната веб страна ги објави државниците кои му испратиле честитки на Претседателот.

Претседателот на Европската комисја Жозе Мануел Баросо напишал:

„Како земја – кандидат, постигнавте многу на планот на интеграцијата во Европската унија. Преостануваат важни предизвици и спроведување на натамошни реформи. Воедно, од суштинско значење е градење на довербата меѓу граѓаните во демократски процеси. Добрососедските односи, вклучувајќи ги и преговорите за името “, стои во писмото.

Победата на Иванов ја честитал и претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Резултатите од гласањето потврдуваат Ваш голем политички авторитет и доверба на граѓаните. Вие давате значаен придонес за зацврстување на пријателските односи и за заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија”, стои во писмото упатено од претседателот Путин.

Претседателите на Бугарија и Србија освен честитки до Иванов, се надеваат на подобрување на односите, додека претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ лично телефонски му ја честитал победата на Иванов.

Честитки пристигнале и од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, од Претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, како и од претседателите на Словенија, Полска, Литванија, Унгарија, Чешка, Словачка, Турција, Германија.

Иако кабинетот на Претседателот Иванов честитките до него ги објави јавно на официјалната веб страница, кај српскиот, бугарскиот, турскиот, рускиот претсдател на нивните официјални веб страници не стои соопштение за упатени честитки до Ѓорге Иванов.

Ако се пребара името на Ѓорге Иванов, или се погледнат соопштенијата достапни за медиумите како и активностите на претседателите не може да се пронајде честитка до реизбраниот македонски претседател.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on