ЕУ, САД и НАТО не ги признаваат референдумите во источна Украина

Од:

Европската унија не ги признава вчерашните сепаратистички референдуми во источна Украина и ги смета за незаконски, изјави претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј.

Тој истакна дека ако Русија не работи на деескалација на состојбата, ЕУ е подготвен да воведе дополнителни санкции „со поголем обем и во повеќе сфери“.

САД исто така соопштија дека ги сметаат за незаконски рефдерендумите што се одржаа вчера во Доњецк и во Луганск  и дека не ги признаваат нивните резултати.

– Референдумите само го продлабочуваат расколот и хаосот во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.

Таа истакна дека Русија „би можела многу повеќе да направи за стабилизација на ситуацијата во Украина“.

И генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен референдумите во двете источноукраински области ги смета за незаконски.

– Тие беа организирани хаотично и на нив беа поставени нејасни и двосмислени прашања, истакна Расмусен, додавајќи оти единствено значење имаат само претседателските избори во Украина, кои се закажани на 25 мај.

Расмусен наведе дека Алијансата може да преземе дополнителни мерки против Русија.

– Сега одлучуваме какви ќе бидат следните чекори. Во нив би можеле да бидат вклучени и корекции на постоечките, но и нови одбранбени планови, спроведување на дополнителни воени вежби, како ои распоредување на воени контингенти, посочи Расмусен.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска