Иванов: Бојкотот е потценување на демократската зрелост на избирачите

Од:

Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска даде свечена изјава пред Собранието на Република Македонија со што и официјално започна неговиот втор петгодишен мандат.

– Како претседател на Република Македонија, загрижен сум за тие реакции и постапки, бидејќи сум и нивен претседател. Денес, од ова место, јасно ќе кажам: Оние што мислат дека ја бојкотираат институцијата претседател на Република Македонија, всушност ги бојкотираат граѓаните, кои гласале на претседателските избори, истакна Иванов. Оние што го бојкотираат Собранието на Република Македонија за кое добија мандати, всушност ги бојкотираат волјата и довербата на граѓаните кои гласале и за нив. Бојкотот на институциите значи бојкот на демократијата и бојкот на волјата на граѓаните. Бојкотот е потценување на демократската зрелост на македонските избирачи, рече претседателот Иванов.

Во согласност со Уставот на Република Македонија, додаде тој, како претседател, добивам легитимитет директно од граѓаните.

– Во согласност со Уставот на Република Македонија, гласовите што ги добив за да ја извршувам функцијата претседател на Република Македонија немаат ниту етнички, ниту религиски предзнак. Претседателот на Република Македонија го избираат граѓани, а не заедници. Во демократијата гласовите се бројат, не се мерат, изјави тој.

Уставот врз кој се заколнав, додаде Иванов, ме обврзува да ја гарантирам унитарноста на државата, да бидам претседател на една единствена, неделива, суверена, самостојна, демократска Република Македонија.

– Дел од раководството на една политичка партија, пред и за време на претседателските избори, инсистираше на некаков си консензуален претседател на Република Македонија. Категорија која ниту постои во Уставот и законите, ниту се навестува во Охридскиот договор.  Дадената свечена изјава ме обврзува јавно да укажам и да се спротивставам на идеи и концепти што се спротивни на Уставот и на законите, да се спротивставам на сите уцени и на посегањето по државните интереси на Република Македонија, истакна Иванов.

Постигнувањето на компромиси, без уцени и ултиматуми, го унапредува мирот и доведува до незаострување на спротивставени и непомирливи позиции, смета Иванов, притоа, без да му се одземе можноста на политичкото малцинство да стане политичко мнозинство.

– Уставот врз кој се заколнав, исто така, ме обврзува да го бранам уставното име на нашата држава. Затоа, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име – Република Македонија. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот, рече претседателот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on