Сопственикот на Астон Вила, Ренди Лернер денеска соопшти дека клубот наскоро ќе биде ставен на продажба.
Соопштението на Лернер доаѓа по само еден ден од завршување на сезоната во Премиер лигата каде Астон Вила едвај успеа да го избори опстанокот.
– Време е да дојде нов сопственик на клубот и ново раководство, изјави американскиот бизнисмен на официјалниот клупски сајт.
Лернер ја купи Астон Вила во 2006 година за сума од 62,2 милиони фунти.
– Последните неколку недели оваа сезона се случуваше права битка за опстанок, информира Лернер.