Резултатите од истражувањето на дневникот „Сандеј Тајмс“ покажаа дека Лондон е град кој има најмногу милијардери на светот, а Велика Британија има најголема концентрација на милијардери според бројот на жители.
Во Лондон живеат 72 од 104 милијарди во светот, а второто место и припадна на Москва со 48 милијардери.
На трето место е Њујорк со 43, по него следи Сан Франциско со 42, Лос Анџелес со 38 и Хонг Конг со 34 милијардери.
Пријавените 104 милијардери во Велика Британија располагаа со вкупно богатство од 368,75 милијарди евра.
Е. Г.