Опозицијата обвини: Народни пари во рацете на партиски послушници

Од:

Сопругата, братот, снаата и синот на Митоде Серафимов, водачот на таканаречените земјоделци, кои протестираа пред седиштето на СДСМ во Свети Николе, станале земјопоседници на државно земјоделско земјиште. Околу 180 хектари добило семејството како награда за извршената партиска задача, рече СДСМ, презентирајќи детални документи за злоупотребата на субвенциите и земјоделското земјиште.

Станка Анастасова презентираше докази дека на име на субвенции државата им дала околу 1 и пол милиони денари, вели дека и земјата и парите ги добиле за партиска послушност. Сите поединечно од семејството регистрирале фирми на иста адреса , за да можат формално да конкурираат.

Првиот човек на подрачната единица за земјоделие Битола, поранешниот пратеник, Илија Србиновски, дал пари и земја на фирмата на сопругата, спротивно на законот за спречување на судир на интереси, и врз основа на тоа си зема и субвенции.

Јани Макрадули, на средбата со новинарите, го демантираше, како што рече, очајниот обид на Министерството за земјоделство да ги прикрие злоупотребите. Индексот 15556 е на студентката по фармација Милева Антонија, родена 1991 година, која иако не е регистриран земјоделец, нема трактор и вработен, добила земјоделско земјиште.

Од опозицијата презентираа и докази дека државата е немилосрдна во собирањето на арачот, но одбегнува на дел од вистинските , а не партиските земјоделци да им ги исплати субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не ги почитуваат ни судските одлуки за исплата на субвенции, Горан Сугарески со пример и документи покажа како на факултетското земјоделско стопанство „Трубарево“, и покрај судска одлука, нема добиено три години ни денар субвенции.

Опозицијата посочи и неколку примери фотографии на земени пари за насади на ореви, а ореви никаде нема.

Велат, по надзорната веќе земјоделците се охрабриле и сами се јавуваат со нови примери за поголеми суми на злоупотреба.

 

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи