Луис Хамилтон ја постигна четвртата победа сезонава во Шампионатот во Формула 1. Британецот од тимот на „Мерцедес“ попладнево на патеката „Каталуња“ крај Барселона стартуваше од пол-позицијата и до крајот успеа да го задржи првото место.
Хамилтон од денеска е нов лидер во Генералниот пласман со 100 бодови, три повеќе од досегашниот лидер и негов клупски колега Нико Розберг кој го освои второто место за еден-два победа на „Мерцедес“.
На победничкиот подиум се искачи и Даниел Рикардо (Ред Бул).
Бодови во Барселона уште освоија: Себастијан Фетел (Ред Бул), Валери Ботас (Вилијамс), Фернандо Алонсо (Ферари), Кими Раиконен (Ферари), Ромен Грожан (Лотус), Серхио Перез (Форс Индија) и Ник Хулкенберг (Форс Индија).
Следната трка ќе се вози на улиците во Монте Карло на 25 мај.