Роза Топузова се премислува дали да се откаже од пратеничката функција

Од:

Роза Топузова Каревска од ЛДП е единствениот опозициски пратеник, кој се премислува дали да ја поотпише изјавата дека не го прифаќа пратеничкиот мандат, како и сите 119 пратеници кои беа на листите на опозицијата, или да влезе во Парламентарниот дом.

Нејзината матична партија ЛДП, како и СДСМ и НСДП едногласно, поради, како што рекоа изборниот грабеж, одлучија дека не прифаќаат да бидат само демократски декор во Собранието избрани на вакви избори.

Топузова Каревска на партиското раководство телефонски му одговарала дека и треба време да размисли како ќе постапи. Веќе една недела не одговара на телефонските повици од партијата, а нејзините домашни бараат таа да не се вознемирува бидејќи била во болница.

Безуспешни беа и нашите обиди да стапиме во контакт со неа, и да добиеме одговор дали таа единствено од опозицијата ќе и даде легитимитет на власта или сепак ќе постапи како нејзините колеги.

Таа беше на добитното трето место во Изборната единица 4, благодарение на договорот на лидерот на ЛДП со опозициската коалиција.

Роза Топузова Каревска беше пратеник од 2002 до 2011-та година. Беше противник за напуштање на Парламентот кога тоа го направи тогашната опозиција. Во периодот по локалните избори до предвремените парламентарни избори работеше во општина Центар.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он