Тренерот на Челзи Жозе Мурињо излезе со став дека сезонава во Премиер лигата најдобар играч беше Един Џеко од Манчестер Сити, а не фудбалерот на Ливерпул Луис Суарез кој го понесе признанието.
– За мене играч на годината секогаш треба да биде од шампионскиот тим. Сити е пред промоција за која му е потребен само бод, така што најдобриот фудбалер во Премиер лигата би требало да биде од оваа екипа. Мојот избор е Един Џеко. Тој на почетокот беше трета опција во нападот на „граѓаните“, ама и покрај тоа постигна 16 голови. Тоа е спектакуларно, Џеко не е само стрелец, тој и игра, изјави Мурињо.
До крајот на шампионатот во Англија останува уште едно коло, сите натпревари се закажани за попладнево од 16 часот.
Манчестер Сити го пречекува Вест Хем и доволен му е и нерешен резултат за да ја освои титулата, или во случај на пораз, Ливерпул да не победи со Њукасл.