Македонија нова туристичка дестинација за Французите

Од:

Професионалните туристички работници во Франција се повикани да ја искористат можноста што ја пружа „новата и оригинална“ туристичка дестинација – Македонија, пишува „Котидиен ди туризм“.

Отворањето на линијата Париз-Бове-Скопје е само прилика да се освои публиката од парискиот регион, според овој весник специјализиран за туризам, чие пишување го пренесува дописникот на МИА од Париз.

„Котидиен ди туризм“ им објаснува на читателите дека Македонија се наоѓа во срцето на Балканот, дека таа е претежно планинска зема со дива убавина прошарана со 43 езера, како најстарото езеро во Европа – Охридското, кое заедно со Преспанското се предводниците на туризмот, со капацитет од 40 000 легла.

Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО од 1979, поради еко-системот и 365 културни објекти, кои го одразуваат хуманиот и културниот мозаик на Македонија, што му го носи името „Ерусалим на Балканот“.

Културната разновидност на земјата се изразува и преку 4300 археолошки локалитети низ целата земја, концентрација на неолитската, хеленистичкатам римската, словенската, отоманската историја…

Релјефот на Македонија е изразен и со 38 врвови од над 2000 метри надморска височина, три национални паркови кои ја заштитуваат дивата фауна, мечката, рисот, волците.

Со 280 сончеви денови Македонија е привилегиран терен за сите видови активности во природата: планинарење, пешачење, пловење, јавање, скијање велосипедизам и и безделничење, продолжува понатаму весникот специјализиран во туризмот.

И на крајот, тука е и здравата и вкусна гастрономија на Македонија, која како и славната салата со истото име е разновидна. Нејзините вина – меѓу најстарите во светот приредуваат добри изненадувања.

Во текот на 2014 година според „Котидиен ди туризм“ Македонската агенција за промоција и поддршка на туризмот, преку француската агенција „АТРАКТ“ приоритет дава на активности за претставување на Македонија, кои имаат за цел преку интернет и специјализираниот туристички печат да изгради „имиџ“ за земјата како туристичка дестинација, преку дигитални маркентишки кампањи  кои го фаворизираат интересот и посетеноста на дестинацијата.

Истовремено се планира и темелна работа со тур-операторите на интернет за изработка на нови програмации.

Како потврда дека Македонија се појавува како нова дестинација е новото издание на првиот франкофонски туристички водич за Македонија „Petit Futé Macédoine”, кое се очекува во јуни годинава.

Со ова се отвора можност Македонија да им биде подобро претставена на Французите.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ