Немаше победник ниту постигнат гол на првиот полуфинален дуел од плеј-офот за пласман во Премиер лигата, одигран синоќа во Виган меѓу истоимената домашна екипа и Квинс Парк Ренџерс.
Домашните фудбалери беа поблиску до победата, имаа повеќе шанси за гол, но не успеаја да го совладаат противничкиот голман.
Виган нема победа на натпреварите со КПР цели три години, последен пат славеше во 2011 година со 2:1 кога двете екипи играа во Премиер лигата.
Реавншот ќе се игра в понеделник на „Лофтус Роуд“ во Лондон од 20 часот и 45 минути.