ОН: Киднапирањето на девојчињата – злосторство против човештвото

Од:

Советот за безбедност на ОН побара нигериската терористичка група Боко Харем да се смета за одговорна за злосторството кое е на ниво на злосторство против човештвото – киднапирањето на 276 ученички.

Едногласно усвоената резолуција беше најострата осуда на терористичките напади во Нигерија.

СБ изрази најдлабоко осудување за киднапирањето на 276 ученички на 14 април и осум девбојки на 5 мај, и побара тие веднаш и без условување да бидат пуштени на слобода. СБ на ОН, исто така, го осуди и нападот од 5 мај, во кој загинаа и повредени се неколку стотина луѓе.

СБ на ОН соопшти дека терористичките напади кои ги спроведувал Боко Харам од 2009 година предизвикале огромен број жртви и оти претставуваат закана по стабилноста и мирот во западна и централна Африка.

Водачот на Боко Харам – Абубакар Шекау се закани дека ќе ги продаде девојчињата, киднапирани на 14 април од училиште во државата Борно.

– Господ ми наложи да ги продадам, тие се негова сопственост и јас ќе правам како тој што ми наредил, рече Шекау.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа