Најудобните потпетици во светот имаат гаранција илјада години

Од:

Разделбата од омилените потпетици би можела да стане минато ако последниот изум во индустријата на обувки почне со масовно производство и стане хит.

Имено, 48-годишниот британски дизајнер, Крис Шелис тврди дека неговите најнови потпетици „Borgezie Riviera“ кои ги дизајнирал, можат да траат цел живот па дури и подолго – имаат гаранција од неверојатни илјада години.

– Станува збор за чевли кои можат да е пренесуваат од генерација на генерација и секогаш ќе изгледаат како нови. Едноставно се „неуништливи“, уверува Шелис. Покрај тоа, вели дека ова дизајнерско чудо, чија цена е околу 1.500 евра е најудобната потпетица во светот – па од што тоа ги направиле?

Изненадувачки, од отпорен нерѓосувачки челик, односно од истиот материјал од кој се прават ножевите и вилушки, како и од цврсто сребро, што не ветува удобност. Но надворешиот материјал на чевлите е одговорен само за нивната издржливот додека совршената удобност е обезбедена од постојаниот силикон, со кој е обложена внатрешноста на чевлите. Исто така, тие се многу флексибилни и се прилагодуваат на нозете.

Доаѓаат заедно со животнита залиха на улошки во форма на срце и потпетица, затоа што тоа се единствените делови на овие револуцинерни чевли, кои со носењето ќе се потрошат и кои треба да ги замените.

– Знам низ какви маки жените поминуваат носеќи чевли со високи потпетици. Манекенките во овие потпетици биле и по десет часови дневно и ниту во еден момент не чувстувале тежина, тврди Крис Шелис и додава, дека во неговите „вечни“ чевли жените можат и да се капат и тушираат без страв дека нешто ќе им се случи.

Овој дизајнер веќе има искуство со изработка на најудобни чевли, затоа што во 2011 година има објавено потпетици со ист опис, но тие беа изработени од злато и 2.200 дијаманти.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски