Министерот Џафери оствари средба со претставниците на форумот СЕЕГРОУП

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери, денеска оствари средба со претставниците на регионалниот форум „СЕЕГРОУП“, кои се во неколкудневна посета на Република Македонија.

На средбата, соопшти денеска МО, министерот Џафери укажал на напорите на нашата држава за достигнување на стратегиските цели – членство во НАТО и во Европската Унија, како и на континуираните реформски зафати во областа на одбраната и безбедноста.

Џафери им се заблагодарил на претставниците на форумот за нивните активности, проекти и иницијативи кои ја промовираат регионалната соработка, и даваат придонес кон усогласување и координирање на индивидуалните проекти кои се релевантни за Иницијативата на Југоисточна Европа.

Во текот на вчерашниот ден, претставниците на форумот имале средби и со други високи претставници на МО, при што подетално се запознале со одбранбените реформи во Република Македонија, како и со придонесот на нашата држава кон светскиот мир и стабилност, преку учеството во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО-Алијансата, Европската Унија и Обединетите нации.

„СЕЕГРОУП“ претставува неформален и отворен регионален форум предводен од земјите од Иницијативата на Југоисточна Европа, која е единствена регионална иницијатива во која заедно работат земјите-членки на НАТО и земјите од Партнерството за мир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења