Мажите кои сакаат да го видат величествениот водопад во Тасик Кењир во Малезија треба да побрзаат, бидејќи тој наскоро ќе стане место на кое ќе се собираат исклучиво дами.
Водопадот се наоѓа во вештачко езеро во државата Теренган. Тоа што во неговата убавина ќе уживаат само жени, е дел од 92 милиони долари вредниот проект за развој на туризмот во оваа област.
До овој водопад не само што ќе доаѓаат само дами, туку нивните водичи и чувари, исто така, ќе бидат припаднички на понежниот пол.
– На овој потег Малезија се одлучи на барање на туристките од западна Азија, вели Датук Сери Ахмад, претставник на тамошната туристичка организација.
Ахмад додава дека местото резервирано само за дами ќе биде единствена туристичка атракција во Теренган. Исто така, оваа држава планира изградба на хотел, воден парк и аеродром со голем дјути-фри центар на езерото.