Украден накит од продавница за сребро во Тетово

Од:

Меѓу 10 и 15 килограми сребрен накит одзеле вчера засега непознати сторители од продавницата за сребрен накит „Силвер“ на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, сопственост на О.Ј. (43).

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека кражбата се случила вчера, во периодот меѓу 1 часот по полноќ и 9 часот утрината.

– Непознатите сторители најпрвин ја отвориле металната решетка што не била заклучена, а потоа насилно ја отвориле и алуминиумската влезна врата, по што одзеле разновиден сребрен накит, прстени, наушници, синџири и друго со вкупна вредност, според проценката на сопственикот од околу 10 илјади евра. Полицијата извршила увид на местото и работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар