Мурињо казнет со 10.000 фунти

Од:

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо е казнет со 10.000 фунти поради коментарите дадедни во медиумите на сметка на судијата по поразот на домашен терен од Сандерленд. Мурињо не беше задоволен од судењето на Мајк Дин и неговите помошници, а Сандерленд кој тогаш се бореше за опстанок успеа да го победи Челзи во Лондон со 2:1.

По тој пораз „сините“ го загубија чекорот во борба за титулата во Премиер лигата. Загубениот натпревар од Сандерленд на 19.април водено значеше крај на серијата на Мурињо без пораз на „Стемфорд бриџ“. По 77 натпревари Португалецот загуби првенствен натпревар на домашен терен како менаџер на Челзи. Во изјавите Мурињо за судењето на Дин истакна дека било „фантастично“ и „неверојатно“.

Челзи на едно коло до крајот на Премиер лигата е на третото место со четири бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска