Од Скопје со „Виз ер“ до 14 европските дестинации

Од:

Нискотарифниот авиопревозник  „Виз ер“, го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија. Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот „Александар Велики“ со кој раководи „ТАВ Македонија“, ќе вклучува вкупно 14 дестинации во осум различни земји.

Компанијата во зимскиот период ќе сообраќа до Париз, два пати недело, до Ајндховен, Минхен и Лондон (по трипати неделно) и до Малме четири пати во текот на една седмица.

– „Виз ер“ со задоволство го претставува својот зимски ред на летање за Македонија. Бројни возбудливи дестинации, како Париз, Лондон и Малме, се веќе достапни по ниски цени од Скопје. Се надеваме дека нашите 14 интересни зимски летови ќе донесат многу насмевки во Македонија. Билетите за зимскиот распоред на патување за 2014 година веќе можат да се купат на нашата интернет-страница,  вели претставникот на „Виз ер“, Даниел де Карваљо.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски