Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец во Струга

Од:

Во црквата „Свети Георгиј“ во Струга денеска ќе се одржи вечерна богослужба и литија со моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.

Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

– Литијата е многу стара традиција. Имаме потврда дека постои стотици години наназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот манастир се изведува веќе четврта година. Со чудотворната икона, литијата се одржувала со години наназад, особено поради осветувањето на црквата „Свети Георгиј“ во Струга во 1835 година, еден ден по празникот, односно на 7 мај, појаснува отец Васко Голабоски.

Со вечерна богослужба ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме