ДИК ќе ги врачи уверенијата за пратеници

Од:

Државната изборна комисија денеска треба да ги врачи уверенијата на избраните пратеници, откако вчера ги соопшти официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 април.

Опозицијата соопшти дека нема да ги прифати мандатите и оти тоа ќе биде потврдено со заверени нотарски изјави на нивните кандидати за пратеници. Неприфаќање на мандатот најави и Руфи Османи, единствениот пратеник на НДП што доби мандат.

На предвремените парламентарни избори од 1.780.128 запишани граѓани уставното право го искористиле 1.120.774 гласачи или 62,96 отсто.

Објавувајќи ги официјалните конечни резултати, ДИК информира за освоените мандати на партиите што освоиле доволно гласови да ги пополнат 123 пратенички места.

Во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.  Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, за кои најави дека нема да ги прифати.

Конститутивната седница на Собранието се очекува да биде свикана до крајот на неделава, откако спикерот Трајко Вељаноски официјално ќе го добие извештајот од ДИК дека предвремените парламентарни избори 2014 може да се сметаат за завршени.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје