Социјалната мрежа „Твитер“ наскоро ќе ја претстави функцијата „мјут“ за иОС и Андроид апликациите.
На почетокот функцијата ќе биде достапна само за одреден број корисници.
Со помош на оваа функција корисниците ќе може да ги скријат твитовите на својот времеплов без блокирање и „ан-фолоу“ на одредени корисници. Ваква опција постеше на апликациите како „Твитдек“ и „Твитбук“, а од сега ќе биде интегрирана во основната апликација.
Функцијата ќе овозможува корисниците да ги „скријат“ корисниците што се плашат дека можеби ќе откријат што се случува во некој филм или серија или едноставно праќаат премногу твитови за некој настан.