(ВИДЕО) Несреќа во циркус: Осум акробати паднаа од 12 метри височина

Од:

Осум акробатки и една танчерка се потешко повредни, откако се урнала металната платформа на која што изведувале циркуска претстава во американскиот град Провиденс, пренесе „Асошиејтед прес“.

Претставникот на циркусот, Стивен Пејн потврди дека повредените жени паднале од висина од 12 метри. Локалните власти соопштија дека работат на расветлување на причината за несреќата.

Пејн исто така изјави дека несреќата се случила во момент кога акробатките виселе од платформата, користејќи ја исклучиво својата коса.

nesrekaCirkus2

Четиринаесетгодишната Сиднеј Брег, која што била во публиката и ја следела програмата изјавила дека се се случило многу бргу, поради што дури и таа помислила дека тоа е дел од претставата.

-Слушнавме силен тресок, а потоа и акробатките како врескаат- вели девојчето.

nesrekaCirkus

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас