ФОТО: Актери, музичари и јавни личности во кампања против хомофобијата

Од:

Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Борјан Јовановски, Нора Шаќири, Огнен Јанески, Петрит Сарачини, Богдан Илиевски (Бетмен велит), Дарко Лешоски, Маја Вукичевиќ, Владимир Блажев (ди-џеј Панчо Шорти) Весна Петрушевска и Рената Кралевска застанаа во поддршка на ЛГБТ заедницата и порачаа НЕ на хомофобијата и трансфобијата.

Јавната и медиумската кампања „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ е проектна активност на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата, која има за цел да го поттикне граѓанскиот ЛГБТИ активизам и учество во борбата против хомофобијата и трансфобијата, да ја зголеми солидарноста и поддршката на ЛГБТИ лицата во борбата за нивните права, и да ги мобилизира медиумите, граѓанските здруженија и граѓанското општество во пошироката кампања за човекови права.

10318612_10203850189310368_539708899_n

На 3 мај ќе бидат поставени билбордите во главниот град Скопје и ќе се лансираат и останатите содржини од оваа кампања кои ќе бидат достапни на пошироката публика за споделување на социјалните мрежи и нејзино вклучување во ширењето на пораката.

Освен билбодри поставен во главниот град Скопје, кампањата ќе се спроведува и на социјалните мрежи, придружена со јавни акции и дебати.

10331623_10203850190470397_2145285731_n

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ