И официјално Иванов со нов претседателски мандат

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги соопшти конечните резултати од изборите за претседател на државата. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вториот круг од изборите освоил 534.910 гласови, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 398.077.

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.

ДИК во следните денови ќе му издаде решение на Иванов за нов мандат.

На денешната седница не беше прифатен ниту еден од 12-те поднесени приговори за неделното гласање на предвремените парламентарни избори. Членовите на Комисијата се очекува на друга седница да утврдуваат индивидуална одговорност за учесници кои го прекршиле изборниот процес, а што би можело да произлезе од поднесените приговори.

ДУИ имаше два приговори за гласањето во Тирана и воопшто за гласањето на дијаспората. Дел од членовите на Комисијата сметаа дека треба да се унапреди изборниот процес во дијаспората, за што треба да се изготват законски измени, но мнозинството од нив не го прифати барањето за поништување на гласањето. Потенцираа дека направиле се што е можно за да обезбедат нормални и фер избори во дијаспората.

ГРОМ бараше поништување на гласањето во четири избирачки места поради прекршување на тајност на гласањето и гласање на едно лице за друго. Членовите на ДИК сметаа дека нема основи за поништување на гласањето бидејќи во приговорите нема доволно докази.

ДИК исто така не ги прифати ниту шесте приговори на ДПА. Партијата ги поднесе приговорите поради, како што истакна нивниот претставник, нарушена тајност, групно, семејно и гласање на едно лице во име на други.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on