Џон Кери во прва посета на африканските држави

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ја почна првата африканска турнеја при што ќе ги посети Етиопија, Демократска Република Конго и Ангола.

Кери со африканските лидери ќе разговара за начините за зголемување на безбедноста, стабилизација на демократијата и заштита на човековите право во контекст на крвавите конфликти, како и за кризата во Јужен Судан.

Кери во Адис Абеба ќе биде до петок каде ќе се сретне со лидерите на Африканската унија од Етиопија, Кенија и Уганда. Етиопија неколку месеци е домаќин на мировните преговори за Јужен Судан, каде од 15 декември се води граѓанска војна меѓу приврзаниците на претседателот Салва Кир и симпатизерите на заменик-претседателот Риек Мачар.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас