Од неодамна на „Јутјуб“ се појавија неверојатни 85.000 видео записи од архивата на познатиот филмски журнал „ British Pathe“, меѓу кои се најде и снимка од службената посета на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз Тито, во Велика Британија од 1953 година.
На оваа снимка јасно се слуша, како првиот човек на СФРЈ зборува на англиски јазик.
Исто како и српскохрватски, Тито и англискиот го зборувал со чуден нагласок, кој потсетува на рускиот јазик. Наместо „пипл“, тој велел „пипљ“, како и наместо „Југославија“, Тито употребувал „Југаславија“.
Е. Г.