ДИК: Направена е типографска грешка, затоа има разлика од 20.000 гласови

Од:

„Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња  за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното:

При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е типографска грешка во полето  5.  од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба  на внесените податоци во системот  со  записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот  43.818 внесен е податокот 63.818.

Оваа грешка е коригирана и  нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.

Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром  е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,95%“, се вели во соопштението на ДИК.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски