ДИК се пишмани, 20.000 гласа плус во Аеродром одземени

Од:

Дупката од 20.000 гласа во општина Аеродром или разликата помеѓу важечки и неважечки ливчиња и гласачи кои гласале е исправена на официјалната страна на Државната изборна комисија.

Според податоците на ДИК до пред половина час официјалните бројки беа дека излезноста во оваа скопска општина е 99,76 отсто.

Па така ДИК преку бројки илустрилал дека важечки ливчиња се 42.255 а неважечки 1563.

Но на ДИК стоеше дека вкупно во Аеродром гласале 63.818 гласачи.

Неважечките и важечки ливчиња ако се соберат даваат збир 43.818 гласачи или 20.000 помалку.

prvPs

Откако дел од медиумите напишаа за математиката на ДИК, или 20.000 гласа плус, на официјалната страна беа исправени бројките и 20.000 гласа беа тргнати, па така сега излезноста во Аеродром е 68,49 %, или 43,818 гласачи го искористиле своето право на глас.

prvPs2

Но исправката на ДИК во Аеродром отвора дополнителен проблем. Исправените податоци или анулирањето на 20.000 гласа влијае на вкупната излезност на ниво на Македонија.

Друга индикативна работа која отвара сомнеж се резултатите во Битола која е дел од Изборната единица 4.

На официјалната страна на ДИК стои дека во Битола гласале 1421 гласач а излезноста е 68.61 отсто.

zabit1

Останува во текот на денот Државната изборна комисија да се изјасни како дошле до 20.000 гласа плус, или станува збор за ненамерна грешка.

 

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски