Кери мораше да се извини откако Израел го нарече апартхејд-држава

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери мораше да се извини откако беше објавена снимка од неговата средба со Трилатералната комисија, на која Кери вели дека на Израел му се заканува да се претвори во држава во која владее апартхејд. Кери зборуваше за иднината на Израел и окупираните палестински територии кои тежнеат кон формирање на своја држава.

– Мора да се подвлече дека единствена алтернатива е да се постигне решение за формирање на две држави, бидејќи со останување во унитарна држава таа ќе се претвори или во држава на апартхејд со граѓани од втора класа, или ќе се претвори во држава во која ќе биде уништена можноста на Израел да биде еврејска држава, изјавил Кери на средбата на таинствената Трилатерална комисија, каде алудирал дека повисоката стапка на природен прираст на Палестинците ќе доведе до демографски промени во самата држава Израел.

Споредувањето на Израел со апартхејдот, односно системот во кој дел од граѓаните немаат исти права како другите, ги разгневи еврејските здруженија во САД, но и голем број од американските конгресмени. Сенаторите Барбара Боксер и Марко Рубио остро го критикуваа Кери, потсетувајќи дека Израел е најдемократската држава во регионот на Блискиот Исток, додека сенаторот Тед Круз побара од него да поднесе оставка. Кери го повлече кажаното.

– Дури и кога се ненамерни, знам дека зборовите можат да предизвикаат погрешна претстава, и да можам да ја вратам назад таа лента, би употребил поинаков збор за да го опишам моето цврсто уверување дека единствен начин долгорочно да имаме еврејска држава и два народи кои ќе живеат еден до друг во мир и безбедност е ако имаме решение за две држави, изјави Кери.

Обидите на Кери да издејствува преговори за мировен договор меѓу Израел и Палестинците не вродија со плод. Изјавата на Кери доаѓа во момент кога истекува рокот за постигнување на договор со Иран, за укинување на иранската нуклеарна програма. Израел бара од САД да обезбедат гаранции дека Иран нема да развие нуклеарна програма, стравувајќи од иранските закани за уништување на Израел.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел