Мајката на сијамските близнаци од Пенсилванија одлучи да не ги раздвојува и така им го спаси животот.
Близнаците се родени со споени тела и имаат минимална шанса да ја преживеат операцијата поради што нивната мајка одлучи да не ги раздвојува.
– Најдобро е да останат заедно. Ако така се родиле, значи можат така и да останат. Би било многу болно да изгубиме еден од нив, изјави Мишел.
Близнаците се викаат Ендру и Гарет и споени се од градите до колковите, а исто така делат срце и црн дроб. Според лекарите операцијата на раздвојување е многу ризична и оти тие имаат само пет до 25 проценти да преживеат.
– Не смееме да ги изгубиме. Благодарни сме ако воопшто успеат да преживеат, истакна таткото.
Според статистиката на детските болници во Филаделфија сијамски близнаци се раѓаат еднаш на 50.000 до 60.0000 бремености и оти во 75 отсто од случаите се со споени гради.