ФОТО: Носителите на листите на ГРОМ го остварија своето гласачко право

Од:

Носителите на листите за кандидати за пратеници од Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, денеска, 27 април 2014 година, го остварија своето право на глас.

Chedomir Sazdovski

Утрово, организацискиот секретар на ГРОМ, Чедомир Саздовски, носител на листата за изборната единица 1, гласаше во општина Кисела Вода, а генералниот секретар на партијата, Виктор Цветковски, кој е и носител на листата за изборната единица 2, своето право на глас го оствари во месната заедница во населбата Зелен рид во Куманово.

Shterjo Nikolov

Штерјо Николов, носител на листата за изборната единица 3, својата граѓанска должност ја оствари во ОУ „Благој Кирков“, додека носителот на листата за изборната единица 4, Панчо Минов, гласаше во месната заедница „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Goran Ancheski

Љупчо Настоски, носителот на листата за изборната единица 5, своето право на глас го оствари во СИЗ за домување во Охрид, а Горан Анчески, носителот на листата за изборната единица 6, гласаше во ООУ „Петар Поп-Арсов“  во Скопје.

Ljupcho Nastovski Viktor Cvetkovski

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ