Момчето со амнезија најдено во Норвешка се врати во Чешка

Од:

Мистериозното момче за кое норвешката полиција побара помош за идентификација откако без документи, со амнезија и наводни повреди беше пронајдено во Осло минатата година, се наоѓа во својата татковина Чешка.

Ова го објавија медиумите, повикувајќи се на норвешка телевизија која добила потврда по електронска пошта од лицето кое засега се „крие” под името Џон Смит, јави дописникот на МИА од Прага.

Триесет и шестгодишниот Чех, планирал само да извади нови документи дома и повторно да отпатува поради страв од непознати напаѓачи.

Тој тврди дека во Чешка постои кампања против него и негира дека се преправа дека го изгубил помнењето заради претходни долгови.

Претходно, младиот маж на норвешките медиуми им тврдеше дека во минатото работел за чешката полиција и соработувал во истрага на стопански криминал.

Чешкото Министерство за внатрешни работи информираше дека лицето никогаш не било вработено со овластувања во полицијата, туку само како компјутерски техничар.

Идентификацијата на 36-годишниот човек беше извршена од неговото семејство, (потврдено и со ДНК- анализа) по објавата на норвешката полиција дека е пронајден без документација, а со амнезија за своето минато.

Норвешката полиција се сомнева дека лицето било жртва на кривично дело и води истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ