Нови шест заболени од ситни сипаници неделава

Од:

За неполна недела има шест нови случаи на заразени со ситни сипаници. Најголемиот дел од заболените не се вакцинирани или примиле само една доза.

– Во моментов бројот на заболени се зголеми на 92 случаи. Од вторник досега имавме пријавено нови шест случаи, од кои само едно мало дете, а другите се повозрасни. Од овие 92, околу 70 отсто се возрасни од 20 до 43 години. Има и 29 деца под една година, деца кои не биле подложни на имунизација согласно календарот. Епидемијата се уште не е стивната. Бројот се зголемува, но не во оние рамки во кои може да биде и многу полоша, рече Јованка Костовска, раководител на Секторoт за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

Вакцинацијата, како што рече, е таа што спречува повторно да се појават овие тешки заразни заболувања.

– Затоа треба сите заедно да бидеме промотори на вакцинацијата. Родителите да ги ослободиме, охрабриме и убедиме да ги вакцинираат своите деца, онака како што правеле нашите баби, како што сме правеле ние за нашите деца, потенцира Костовска.

Ситните сипаници носат сериозни проблеми затоа на време треба да се вакцинирата децата со МРП вакцината, апелираат докторите на одбележување на Неделата за имунизација.

– Здравствен дом-Скопје покрај редовните планирани активности, кои се извршуваат секојдневно од превентивните тимови, реализираше 26 здравствено-едукативни предавања за децата за значењето и користа од имунизација во градинките, основните и средни училишта. Вкупно 1.048 деца се вакцинирани на терен, од кои 285 се деца Роми, а од тие осум се новооткриени, изјави д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на Здравствен дом-Скопје.

Докторите информираат дека имунизацијата е на високо ниво во Македонија за сите вакцини.

Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом-Скопје денеска во Градскиoт парк, кај Школката ја одбележи Европската недела на имунизација. Годинава Европската недела на имунизација од 22 до 26 април се одбележува по деветти пат во сите европски земји.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство