Институтот „Като“ објави анализа на најбедни држави на светот, земајќи ги во превид нивото на невработеност и инфлација.
Меѓу 90 држави, кои што се наоѓаат на листата, Македонија го „освои“ 11-тото место.
Во Македонија 35,7 проценти се невработени.
Сите држави се рангирани според таканаречениот индекс на беда. Се е базирано на податоци и економски пресметки кои ги објави Стив Хенк, професор за Применета економија на Универзитетот Џон Хопкинс.
Формулата по која што се водело истражувањето, вклучило ниво на инфлација, каматни стапки и ниво на невработеност, но и раст на БДП по глава на жител.
На врвот на оваа листа, од најлоши кон најдобри држави, се наоѓа Венецуела, со убедливо највисок индекс на беда од 79,4, а за тоа најмногу придонела инфлацијата. Второто место од иста причина му припадна на Иран, а на третото место се најде Србија со индекс 44,8. Според истражувањето за Србија најмногу придонело високото ниво на невработеност.
Е. Г.