Шилегов на средби со граѓаните во кумановско

Од:

Носителот на листата од Втората изборна единица од СДСМ Петре Шилегов, денеска оставри средба со граѓаните од месната заедница „Тоде Мендол“. Тој презентираше дел од мерките опфатени во програмата на СДСМ.

– Бидејќи „Тоде Мендол“ е урбана заедница презентираме мерки кои се однесуваат на поддршка на малите бизниси. По однос на казнената политика, програмата на СДСМ предвидува преполовување на казните, рече Шилегов.

Како што објасни носителот на листата, инспекцијата нема да има законско право при влегување во објектите да изрекува мандатни казни, туку првин ќе опоменува.

– Втората мерка е општо позната во јавноста, повраток на 15% од ДДВ кон граѓаните. Ќе се враќа квартално на секои три месеци, рече Шиелгов, потенцирајќи дека вкупниот износ што ќе се враќа кон граѓаните ќе изнесува 130 милиони евра.

Пред граѓаните е изборот дали ќе гласаат за државата во која ќе има просперитет за младите и подобрување на општата материјална состојба, рече Шилегов.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите во недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО