Дали субвенциите имаат позитивен ефект врз лозарството? На што се должи, како што тврди вицепремиерот Владимир Пешевски, задоволството кога површините под лозови насади се намалени. Со вакво прашање пратеникот Марјанчо Николов му се обрати на вицепремиерот Пешевски.
Тој кажа дека делумно се занимавал со земјоделство, немаше конкретни податоци за насадите, но рече дека задоволството е од изборите.
Пешевски немаше одговор и на прашањата за фирмата „Натурал Фуд“ од Градско, чиј управител е Ратко Неделковски, брат на Миленко Неделковски. Тој добил 10 илјади евра субвенции за одгледување на 150 кози. Како што рече Николов, не успеал на сајтот да најде тендер за овие пари.
Пешевски не одговори, но министерот за земјоделство Љупчо Димовски, појасни дека се работи за пасиште, а не за земјоделско земјиште.
Пешевски во одговорите на Владанка Авировиќ, од Социјалистичката партија, рече дека се живее подобро со овие субвенции и дека субвенциите не се делат по партиска припадност.